Гринпис од Русија ќе добие три милиони долари отштета

Со спогодбата треба да се стави крај на повеќегодишниот правен спор откако руските власти го запленија бродот „Артик санрајз“ на Гринпис, кој пловеше под холандско знаме и уапсија 30 членови од екипажот.

99

Невладината организација Гринпис од Русија ќе добие три милиони долари согласно спогодбата меѓу Холандија и Москва, соопшти таа група, посветена на заштита на животната средина.

Со спогодбата треба да се стави крај на повеќегодишниот правен спор откако руските власти го запленија бродот „Артик санрајз“ на Гринпис, кој пловеше под холандско знаме и уапсија 30 членови од екипажот.

Руски агенти го зазедоа „Артик санрајз“ во меѓународните води откако тие протестираа против нафтените платформи. Уапсените во руски затвор минаа неколку месеци и беа ослободени непосредно пред Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година.

Холандското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е постигната „целосна и конечна спогодба“, чии детали се доверливи.

Меѓународен арбитражен суд во јули 2017 година и наложи на Русија на Холандија да и исплати над пет милиони евра отштета поради инцидентот во 2013 година, но Москва не ја призна одлуката на судот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...