Грета Тунберг пак протестира пред шведскиот Парламент

339

Климатската активистка, тинејџерката Грета Тунберг се врати онаму каде почна нејзината кампања – пред шведскиот Парламент.

По повеќемесечно патување со воз, брод и електричен автомбил на различни климатски настани во Европа и САД, 16-годишната Швеѓанка продолжи во Стокхолм да ја зголемува свеста за потребата од борба против климатските промени, како пред една година кога го започна климатскиот протест и стана инспирација за милениумците ширум светот.

Тунберг, која минатата недела престижниот „Тајм“ ја прогласи за Личност на годината, денеска на социјалните мрежи објави фотографија, покрај која напиша: „Училишен штрајк 70. седмица Стокхолм!“.

Таа изјави дека се надева оти ќе охрабри уште климатски активисти, покрај оние кои веќе ги инспирирала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...