Шведската активистка за екологија Грета Тунберг пред Светскиот економски форум во Давос, каде што се собрани политички и економски лидери, изјави дека „ништо не е сторено“ за борба против климатските промени и покрај кампањите.
– Сите ние се бориме за животната средина и климата. Ако го разгледате тоа, ќе видите дека ништо не е сторено. Потребно е многу повеќе отколку што е направено. Ова е само почеток – рече Грета на првиот ден од форумот.
Greta Thunberg breaks from panel question to read data on climate change: “I know you don’t want to talk about this. But I assure you, I will continue to repeat these numbers until you do.” #Davos2020 pic.twitter.com/nYkvop50sc
— CBS News (@CBSNews) January 21, 2020