Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, кој воедно е и тренер на Сан Антонио, остро реагираше на најновите случаи на масовни егзекуции.
– Ситуацијата во која сега живееме … Секој сака барем малку и некако да се тргне од тука. Но, би било многу подобро ако луѓето кои имаат моќ би ги размрдале своите задници и би направиле нешто. Сега тие се на годишен одмор, тие одмараат. Сигурен сум дека кога ќе се вратат, ќе поправат сè: законот за поседување оружје, околината, еднаквоста. Тие ќе поправат сè. Само кога ќе се вратат. Сигурен сум – истакна Попович.
Трагични настани се случија во Ел Пасо, Тексас каде 20 лица беа убиени во продавница на 3 август и Дејтон, Охајо каде што девет лица беа убиени следниот ден во популарен бар.
ФОТО: EPA / JASON SZENES