Секоја година во ова време, пред почетокот на големите празници, медиумите саркастично се занимаваат со човековиот нагон за претеран конзумеризам. Обидите да се подигне свеста кај граѓаните за непотребноста да се купуваат и складираат големи количини материјални добра, вклучувајќи и храна, ги „крчкаат“ муабетите кај јавноста – но тоа трае само неколку дена. А потоа, голем дел од купената храна се фрла како неупотреблива – и никој веќе не размислува за умереност.
Предновогодишното налудничаво фаќање за џебот за да се купува храна како да е крај на светот е сепак вкоренета навика кај голем дел од семејствата во нашето општество. Од друга страна, едно големо парче од демографскиот „колач“ – или според неодамнешната морничава официјална статистика, над 440.000 сиромашни луѓе во Република Македонија – можат да си дозволат пристоен оброк само еднаш во денот.
Тоа не е одраз на достигнат економски, социјален и духовен зенит, туку срам за сите елементи во државата која очигледно само вербално е модерна и настроена кон благосостојба. Но, иако не треба да се мешаат личните курдисувања кој како го сфаќа и си го организира животот, на крајот излегува дека сите сме безизлезно заглавени во безизлезноста. За многумина, тоа значи и во гладта и очајот.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.