Граѓаните ќе контролираат како се трошат нивните пари преку платформата „Отворени финансии“

Почетната страница на платформата е исполнета со реализацијата на буџетот по месеци, но може да се видат најголемите приматели и најголемите даватели. Во менито  може да се пребаруваат трансакциите по приматели и даватели, а може да се најде и детален преглед за корисник. 

434

Граѓните преку платформата „Отворени финансии“ од денеска ќе можат да проверат кој министер колку и каде ги троши нивните пари собрани во државната каса, бидејќи имаат можност да влезат во трезорот на државата. Платформата денеска ја престставија премиерот Зоран Заев и министрите за финансии Нина Ангеловска и за отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

На презентацијата премиерот Заев ги повик граѓаните и новинарите секојденвно да ја отвораат платформата и да бараат нелогичности, за да се дојде до целта министрите и директорите на институциите да бидат поодговорни во трошењето на парите. Граѓаните кои ќе наидат на сомнителна трансакција ќе можат да побараат и дополнителни информации и преку алатката пристап до информации.

– Од денеска над 12,5 милиони трансакции се на увид на граѓаните се ставаат на увид финансиските трансакции од буџетските средства на корисниците. Стандардите се поставени. Од денеска овие транскации ќе бидат јавно достапни на увид – рече Заев.
На увид на граѓаните се сите финансиски трансакции на министрите и државните институции од 2010 година сегашните и идните трансакции. Информациите на платформата ќе се обновуваат секои 15 дена.

Ова е првата фаза во која се внесени податоците на државните органи, а веќе во втората фаза се очекува и приклучувањето на општините кои треба да донесат одлука за отворање на своите буџетит и буџетите на нивните корисници.

Заев се заблагодари на ИРИ и УСАИД кои ја финансираа и помогнаа подготовката на платформата и поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски.

Министерката Ангеловска рече дека Министерството за финасии ќе продолжи да работи на транспарентноста.

– Денеска го отвораме трезорот за граѓаните и покажуваме дека имаме сила да бидеме транспарентни. Можноста со два клика да дојдете до тоа како министрите трошат ги обврзува да бидат повнимателни во трошењето на парите – рече Ангелоска.

Министерот Поповски рече дека со отвореноста на податоците на буџетските корисници и граѓанскиот буџет земјава е на првото место по буџетска транспарентност.

Почетната страница на платформата е исполнета со реализацијата на буџетот по месеци, но може да се видат најголемите приматели и најголемите даватели. Во менито  може да се пребаруваат трансакциите по приматели и даватели, а може да се најде и детален преглед за корисник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...