Голем број граѓани славеа вечерва во Кочани Штип и Кавадарци.
Во Кочани се славеше на платото во Трговскиот центар.
Заедно со граѓаните на прославата присуствуваа и министерот за земјоделство Љупчо Николовски, пратенците во Собранието и градоначалниците од регионот.
– Добивањето на поканата за членство во НАТО и преговорите што претстојат за пристапување кон ЕУ за македонската економија и земјоделство ќе значат можност за отворање нови работни места и нови фондови, односно повеќе пари за зголемено производство и зајакнување на конкурентноста. Сето тоа ќе помогне во руралниот развој, поради што цврсто сме насочени да го имплементираме Планот 18 и конкретните реформи што ги зацртавме – рече министерот Николовски.
Во забавно-музичката програма присутните граѓани во Кочани ги забавуваат Дарио, диџеј Мастер Џи со Кинг Неат Велиов и Лепи Џо.
На Градскиот плоштад во Штип настапуваат ДНК и Елена Ристевска.
Граѓаните кои вечерва дојдоа на Градскиот плоштад во Штип велат дека овде се за да прослават за историската покана за нашата земја да влезе во НАТО и ЕУ.
Забележуваат дека влегувањето во ЕУ ќе донесе подобар стандард и сметаат дека ќе се прекине и процесот на миграција во источниот дел на Македонија
На бината пред општинската зграда во Кавадарци настапуваат „Нокаут“ и Кристина Арнаудова.