Граѓаните реагиираа, па ЈСП кажа дека „Скопска“ имала употребен рок

Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот.

1621

ЈСП Скопје соопшти дека е во тек замена на персонализирана електронска картичка „Скопска“ поради истечен рок на употреба, откако голем број патници реагираа на забелешката на контролорите дека картичките им се истечени.

Најмногу реакции имаше во вторникот кога вообичаено најмногу патуваат пензионерите. Дел од патниците реагираа, оти апаратот за контрола на контролорите не им реагираше, а тие, како што изјавија, пред некој ден ја надополниле картичката.

– Пред една недела ја надополнив картичката за еден месец, а сега вие ми викате дека немам билет. Тоа не е можно – реагираше патничка.

Од контролорите беше информирана дека треба да ја замени картичката.

ЈСП денеска информира дека рокот на персонализирана електронска картичка „Скопска“ е 4 години од издавањето.

– Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот – велат од ЈСП.

Замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката и изнасува 200 денари.

– Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка- појаснија од  ЈСП.

Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...