Граѓаните избраа како ќе изгледа спортската сала Партизан

1088

Избрано е идејното решение за обнова на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, позната како „Партизан“. Станува збор за проектот подготвен од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро.

Општина Карпош денеска соопшти дека во периодот од 8 до 18 овој месец преку веб страната www.karpos.gov.mk гласале 1.322 граѓани, а мнозинство гласови, односно 878 добил идејниот проект на тројцата архитекти.

Од друга страна, идејниот проект на Ивона Крстеска, Марија Гелмановска, Ана Грковска и Александар Кочовски добил 444 граѓани.

– Двата идејни проекти беа подготвени на волонтерска основа од Меѓународната невладина организација „Културно ехо“. И двата гарантираат задржување на автентичноста на објектот, но и додавање на нова вредност на салата, мултифункционалност и прилагодување на урбаниот контекст – информираат од општина Карпош.

Избраниот проект ќе биде доставен до Агенцијата за млади и спорт по што ќе следи подготовка на основен проект и реконструкција на салата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...