Граѓаните бараат владата итно да се справи со загадувањето

Тие побараа свикување итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот и вклучување експерти за решавање на проблемот.

166

„Четворица дневно умираат чекајќи чист воздух“ и „Ставете налепници на тешката индустрија“, се некои од транспарентите што што ги носеа активисти на денешниот мирен протест во Скопје прпив загадувањето.

Протестот го организира иницијативата „Канцерогено општество“, а почна околу 13 часот пред Собранието на РМ. По околу 40 минути граѓаните се упатија кон Владата каде ги искажаа своите барања.

– Владата и институциите да престанат со т.н. решенија против загадениот воздух кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени – порачаа активистите.

Тие побараа и свикување итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот и вклучување експерти за решавање на проблемот.

Како што рече Кристијан Узунов од иницијативата „Канцерогено општество“, еден од најголемите причинители за рана смрт е дишење неквалитетен воздух, а јавни дебати околу квалитетот на воздухот во Македонија скоро и нема.

– Бараме Владата да ги употреби сите средства за справување со овој проблем и претставници од граѓанскиот сектор да се вклучат во надлежните контроли за големите загадувачи- изјави Узунов.

Според Давор Врговиќ, исто така активист во „Канцерогено општество“, барањата на граѓаните треба да се надополнат и подобрат од страна на експерти.

– Очекуваме некој од Владата да не прими и да не сослуша. Останува да видиме како ќе одговорат на нашите барања. Потоа, дополнително ќе утврдиме како би дејствувале понатаму – изјави Врговиќ за МИА.

Протестот беше закажан и на социјалните мрежи под слоганот „Мртво општество, не!!!“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...