Граничен полицаец застрелал колега

553

Припадник на граничната полиција бил застрелан во левата подлактица, откако негов колега испукал еден куршум додека го чистел својот службен пиштол, информираа од СВР Тетово.

Според полициските информации, инцидентот се случил вчера околу 12,30 часот во Полициската станица за граничен надзор Рогачево.

На местото веднаш бил извршен увид, а за случајот биле известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...