Град сотре лозја и овошки во Тиквешијата

332

Синоќешниот град што го зафати Тиквешкиот регион предизвика штети кај лозовите и овошните насади во селата Паликура и Курија.

– Оштетени се околу 50 хектари лозови и овошни насади. Се препорачува на лозарите после градот да ги третираат лозјата со бакарни средства со цел да се излечат раните врз ластарите во лозјата – рече за МИА Драган Николов, советник во подрачната единица на агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

Николов вели дека штетите дополнително ќе се утврдуваат и потсетува дека сеуште важи мерката со која државата му помага на земјоделците и плаќа 60 отсто при осигурување на имотите.

– Лозарите кои немаат прва заштита да го направат тоа со системска заштита бидејќи со последните врнежи ќе се придонесе за појава на знаци на болеста пламеница кај лозјата – советува Николов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...