Град Скопје ќе ја разгледа иницијативата за сообраќајно решение за булeварот „Србија“

758
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Стручните служби на Град Скопје ќе ја разгледаат иницијативата поднесена од Општина Аеродром за ново сообраќајно решение на булеварот „Србија“ и во соработка со Министерството за внатрешни работи, во рамките на законските можности, ќе биде понудено најдобро и најбезбедно решение за овој долгогодишен проблем.

Ова го соопшти Град Скопје по реакцијата на жителите на Аеродром каде што синоќа на пешачки премин на булеварот „Србија’ тешко беа повредени тројца пешаци – баба, дедо и нивната внука, а  жената подоцна им подлегна на повредите.

Град Скопје наведува дека интензивно работи на зголемување на безбедноста во сообраќајот во градот, со цел да се избегнат и намалат вакви и слични инциденти.

– Градот Скопје изразува длабоко жалење за сообраќајната несреќа со смртни последици што вчеравечер се случи на булеварот „Србија“ и воедно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, наведува Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...