Градот Скопје за првпат годинава на 25 ученици со попреченост од средните училишта ќе им додели стипендии во висина од 3.000 денари за период од девет месеци.
Огласот со критериумите ќе биде објавен во понеделник, а апликациите што треба да се достават до архивата на Град Скопје, ќе бидат разгледани од надлежна комисија.
– Градот ги препознава потребите на средношколците и последниве две години ангажираше и образовни асистенти, коишто евидентно им помогнаа на учениците со попреченост во совладувањето на наставната програма, велат од Град Скопје.
Стипендиите за средношколците со попреченост се доделуваат по воведувањето на праксата за доделување стипендии на средношколци спортисти.