Град Скопје објави кои проекти од културата ќе добијат финансиска поддршка

248
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Град Скопје ги објави добитниците на Конкурсот за финансирање на манифестации, проекти и творештво на други корисници и чинители што беше распишан на 15 октомври лани, а на кој пристигнале 411 комплетни апликации.  

За овој конкурс, градот одвои 16 милиони денари, а посебен акцент е ставен на поддршката на младински и на студентски проекти.

Пристигнатите апликации беа оценети од шест стручни комисии, составени од претставници на Град Скопје и претставници од културните институции.

„Тие водејќи се според критериумите и насоките наведени во објавата на конкурсот, одлучија Град Скопје да поддржи 231 предлог проекти, односно 56 отсто од пристигнатите пријави. Од поддржаните предлог проекти по 46 им припаѓаат на музичката уметност и изведбените уметности, 43 од областа на визуелните уметности и уметност на нови медиуми, 54 проекти од издавачката и од библиотечната дејност, 13 од музејската дејност и промоцијата на културното наследство и 29 проекти кои опфаќаат меѓународна соработка“, се вели во соопштението.

Проектите што ќе се реализираат на јазици на заедниците, Град Скопје ги поддржа со 29 отсто од вкупно предвидените буџетски средства.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...