Град Скопје: Наместо да коментирате на Фејсбук пријавете оган на отворено на телефон 193

Досега, според податоците на Град Скопје на бројот 193 се пријавени 273 огнови на отворено.

84

Градот Скопје ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Во акцијата се вклучени инспекторатот на Градот и Територијалната единица за противпожарна заштита. Тие заедно со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст  имаат мешани тимови кои работат 24 часа секој ден.

Од Градот велат дека најчесо огнови на отворено палат несовесни граѓани и бездомниците.

– Ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во оваа борба и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават на телефонскиот број 193. Дежурните екипи ќе ги процесираат сите пријави, односно огновите ќе бидат изгаснати, а нашите сограѓани кои ги палат тие огнови заради затоплување ќе бидат упатени и сместени во згрижувачките центри. Затоа, наместо да објавуваат на Фејсбук или на другите социјални мрежи, ги повикувам сите граѓани овие случаи да ги пријавуваат исклучиво на 193 – вели Ваљон Салиху.

Акцијата за пријавување оган на отворено се реализира трета година.

Досега, според податоците на Град Скопје на бројот 193 се пријавени 273 огнови на отворено.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...