Град Скопје бара 16 асистенти за средношколци со посебни образовни потреби

174
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Сите евидентирани невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско-корисна работа во рамките на проектот „Поддршка на инклузијата во образовниот процес-унапредување на правата и можностите за ранливите категории на граѓани во Град Скопје“ можат да се пријават во Агенцијата за вработување – Центар за вработување на град Скопје, во периодот од 5 до 16 август.

Лицата што ќе бидат избрани ќе бидат ангажирани 20 часа неделно за период од 9 месеци и ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест. Целта на проектот е овие лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.

Евидентираните невработени лица што ќе се пријават за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ треба да припаѓаат на една од следниве целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години); млади лица до 29 години; лица постари од 50 години; лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност; лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование; лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа; жртви на семејно насилство; жени припадници на ромската етничка заедница; самохрани родители; родители на деца со пречки во развојот  и родители на 3 и на повеќе деца.

Заинтересираните невработени лица детални информации за Програмата ОКР можат да добијат во Град Скопје, Сектор за образование од 08:30 до 16:30 часот, секој ден кај лицето Султана Чулева на телефонскиот број 02 3297-323, Општински координатор на програмата „Општинско-корисна работа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...