Град Скопје бара оџачари за платена обука од 150 евра

150

Градот Скопје објави јавен повик за платени обуки за оџачари.

„Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци во времетраење од еден месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавци) практична работа во времетраење од еден месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавец)“ соопштија од Градот.

Лицата вклучени во обуката ќе добијат месечен надомест од 9.000 денари (околу 150 евра) со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионалнa болест и данок на личен доход за времетраењето на обуката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...