Град голем како портокал паѓаше во Италија, 18 повредени

527

Најмалку 18 лица се повредени во невреме, проследено со град со големина на портокал, што денеска го зафати италијанскиот град Пескара.

Повредените се однесени во болница, со повреди на глава и модрици.

Во невремето паднале и двестегодишни борови дрва во близина на Равена, а поплавени се делови на Ромања и Абруцо.

По бурата во Пескара, улиците се претворени во реки на неколку локации.

Патот над градот е напукнат, поради што градоначалникот Карло Масци испрати итна помош на местото на настанот.

Силното невреме што изминатите два дена ја зафати Италија предизвика незапаметени поплави.

– Особено сум загрижен поради силните дождови, бидејќи можат да предизвикаат нови поплави и лизгање на земјиштето во Италија – изјави метеорологот Тајлер Роуз.

Бурата во централниот дел на Италија исто така може да предизвика проблеми и на патиштата.

Според метеоролозите, утре се очекува ново невреме во јужна и југоисточна Европа.

Невреме проследено со грмотевици вечерва и утре се очекува и во јужна Србија, Северна Македонија, Грција, Бугарија и Турција.

EPA: VIGILI DEL FUOCO / HANDOUT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...