ЈП Градски паркинг- Скопје тврди дека паркингот кај Транспортен центар, дел 2 не го стопанисува.
– Сакаме да истакнеме дека фоографијата објавена на наведениот текст, „Паркингот кај Транспортен центар потонат во ѓубре“ се однесува на паркиралиште Транспортен центар, дел 2. Тоа паркиралиште е наменето за паркирање на автобуси и автомобили, но ЈП Градски паркинг- Скопје нема надлежност, бидејќи не го стопанисува истото, не врши наплата, и не издава дозволи за паркирање, затоа што немаме сообраќајни проекти за тоа паркиралиште и не поседуваме соодветна документација со која паркиралиште Транспортен центар дел 2, се дава на стопанисување на претпријатието.
Претпријатието, на драга воља, 3-4 пати месечно врши чистење, но и покрај тоа хигиената е на ниско ниво. Причина за тоа е што возачите на автобусите, при паркирање на таа локација, вршат несовесно чистење на автобусите и целиот отпад го фрлаат надвор и покрај тоа што има поставени контејнери за отпад.
За да биде хигиената на добро ниво, потребно е чистење од минимум два пати неделно, но повторно ќе истакнеме дека ЈП Градски паркинг- Скопје не е надлежно претпријатие за одржување на таа паркинг локација,“ тврдат од Градски паркинг.