Со одлука на Советот на Град Скопје, се основа новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи АД Скопје“ кое ќе врши енергетски дејности, информираат од Град Скопје.
Советот во својство на Собрание на акционери го усвои Статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на Надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат Управен одбор од пет члена. Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење.
Со преземањето на топловодната мрежа, како што се посочува од Град Скопје, започнува да се имплементира процесот на гасификација на градот, во кој граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото јавно претпријатие.