Градскиот кризен штаб на готовс во пресрет на бурата „Андреа“

646
ФОТО: EPA / YANNIS KOLESIDIS

Во пресрет на бурата „Андреа“ што се очекува да го зафати регионот во наредните денови и да донесе обилни врнежи со количина од 50 до 80 милиметри на метар квадратен, во Град Скопје заседаваше вонреден кризен штаб со кој што претседаваше Душко Весковски, директор на ЈП „Водовод и канализација“.

На состанокот, како што соопшти Град Скопје, беа координирани активностите и се поделија обврските помеѓу јавните претпријатија, противпожарната бригада, инспекциските служби и останатите општини и државни институции. Пред почетокот на бурата, екипите на „Водовод и канализација“ ги проверуваат шахтите и одводите на критичните точки низ градот, додека екипите на ЈП „Улици и Патишта” главните одводни канали во Скопје.

Од Градот Скопје апелираат на исклучување на пумпите на градежните јами, а граѓаните да ги пријавуваат проблемите на 193 и да не паркираат под дрвореди и близу одводните канали. Дополнително, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...