Градот ќе набави две нови возила за превоз на лица со потешка инвалидност

83
20151130 Monday 1420 sednica na sovetot sovet na grad skopje

Набавката на две нови специјализирани возила за превоз на лицата со потешка инвалидност е една од точките за која ќе расправа Советот на Град Скопје на денешната 26-та седница. Со оваа одлука е предвидена набавка на две моторни возила приспособени за превоз на лица со потешка инвалидност со зафатнина на мотор 1600 – 2200 cm3 ХДИ, соопшти Градот.

– Овие возила ќе се приклучат во системот на услуга за овие лица која Градот Скопје и ЈСП-Скопје ја нудат изминативе девет години, каде што за лицата со потешка инвалидност се овозможува организиран превоз со адаптирани возила за разни потреби, како за добивање здравствени услуги, превоз до училиште, работното место и слично, стои во соопштението.

На седницата Советот ќе расправа и за одобрување на финансиски средства за набавка на електрични машини за чистење, со која треба да се набават 12 електрични машини за вакуумско собирање смет во вредност од 19.500.000 денари. Набавката на овие машини ќе придонесе за подобрување на условите за работа на јавното претпријатие и за подобрување на состојбата на хигиената во градот.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...