Градот со апел до излетниците да ги чуваат зеленилото и урбаната опрема

207

Во пресрет на Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, екипите на Град Скопје деновиве ги чистеа видиковците, јавните зелени површини на излетничките места и во парковите.

Градот Скопје апелира до  граѓаните, при посетата на излетничките места, како и на градските паркови, да се придржуваат на комуналниот ред и воспоставените забрани за палење оган и приготвување скара на отворени површини, да не фрлаат отпад и да не ја оштетуваат поставената урбана опрема.

Ова особено важи на местата како што се: Парк–шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, кањонот Матка и други излетнички места.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...