Градот Скопје почна со рачно миење на улиците

630

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ вчеравечер почнаа генерална акција за рачно миење на градските улици и булевари во Скопје.

Акцијата се одвиваше во ноќните часови, за да не се попречува одвивањето на сообраќајот, а во текот на изминатата ноќ рачно со автоцистерни беше измиен коловозот на булеварот Партизански одреди, на потегот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт кон центарот на градот.

Од Градот соопштија дека миењето на улиците и булеварите во централното градско подрачје ќе продолжи во наредните денови, во зависност од временските услови, а потоа акцијата ќе се прошири и во другите скопски општини.

Целта на оваа активност на Град Скопје и на ЈП „Комунална хигиена“ е да се подобри хигиената на јавните градски површини.

Во акцијата се вклучени три цистерни и едно помало специјално комунално возило ВАП кое ќе послужи за чистење на плоштадот „Македонија“ и на улицата Македонија.

Паралелно со акцијата за рачно миење на градските улици и булевари ќе се одвива и редовното машинско миење на коловозите, со цистерни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...