Градоначалниците да го исчистат снегот

514

Градоначалниците и општините да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување, апелираше вечерва Дирекцијата за заштита и спасување.

Оттаму истакнуваат дека будно ја следат состојбата со временските услови во целата држава.

Како што информира Автомотосојузот на Македонија, снег со променлив интензитет врне низ цела држава. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На државните патишта наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи на ЈП „Македонија пат“. Забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Градско-Прилеп преку планискиот премин Плетвар, крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку преминот Стража, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово-Попова Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...