Чешкиот амбасадор Мирослав Томан попладнево во Кавадарци се сретна со претставници на бизнис секторот и регионалната стопанска комора.
По средбата, градоначалникот Митко Јанчев информира дека на средбата станало збор за повеќе теми, меѓу кои и поттикнување на бизнис соработката, културата, но и за политиката.
– Тие го имаат јужноморавскиот вински регион, па разговаравме за наша средба со претставници од тамошна општина, бидејќи развојот на лозаро-винарството е наш заеднички интерес, соопшти Јанчев.
Амбасадорот рече дека било разговарано за поддршка на општински проекти од страна на Амбасадата.