Градоначалникот што делеше пари за мажачки со врски си ги работил внуците, ама нема да одговара

1053

Поранешниот градоначалник на Лозово Орце Цветковски во текот на својот мандат со врски успеал да ги вработи и своите внуци и братучедот и тоа во државни претпријатија , но поради тоа што предметот е застарен Државната комисија за спречување на корупцијата нема да постапува во случаите за кои имаше пријава.

Билјана Ивановска, претседателка на Аникорупциската комисија објасни дека предметите застаруваат за три години, но за да се надмине овој проблем антикорупционерите се со план да бараат имени во законот.

Вработувањата за кои се бараше истрага против поранешниот градоначалник се случиле во 2009 и 2013 кога бил избран за прв човек на општината Лозово.

Антокорупциска се сомневаше дека Цветковски во Јавното водостапанско претпријатие  „Лисиче“  во Велес, влијаел и при вработувањето на својот син, а како информатичар во општината Лозово си го вработил внукот. Внуката ја вработил како советник за локален економски развој, а братучедот како комунален редар во општината.

Градоначалникот Цветковски стана популарен во јавноста со одлука што беше донесена во неговиот мандат, а со која општината Лозово одојуваше по 20.000 денари за ергените и немажените девојки кои ќе одлучат да стапат во брак.

Одлуката во времето ја поддржа и бизнисменот Благој Механџиски кој понуди вработување и пари како помош за свадбената веселба, но и за опремување на домовите на младите брачни парови.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...