Градоначалникот шверцер со цигари поднесе оставка

950

Градоначалникот на општина Ново Село, Боро Стојчев денеска во писмена изјава до Советот на општина Ново Село побара неотповиклива оставка од функцијата, поради морални причини.

СДСМ, матичната партија на градоначалникот Стојчев, побара од него да си поднесе оставка од функцијата прв човек на општината.

– Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ…Го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија, изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Основното јавно обвинителство од Струмица вчера побара градоначалникот Боро Стојчев, да се упати на издржување на казна затвор од две години за кривично дело за кое бил осуден во 2015 година.

Барањето на струмичкото Обвинителство е доставено до Основниот суд во Струмица, а оттаму информираат дека по него ќе одлучува кривичен совет.

Боро Стојчев на 10 јули годинава беше фатен во обид за шверц на цигари. За ова кривично дело Основниот суд во Струмица му изрече казна затвор во траење од 18 месеци, По жалбата на одбраната Апелацискиот суд во Штип ја намали казната на шест месеци затвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...