Градоначалникот Стојановски во полиција рекол дека снимката е од јануари 

829

Министерството за внатрешни работи доцна синоќа соопшти дека градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски, бил повикан на информативен разговор поради видео-снимката која се појави денеска на интернет.

„Градоначалникот Стојановски во разговорот изјави дека снимката која се појавила на интернет е од протест во ОУ ‘Гоце Делчев’ во Демир Хисар кој се случил во средината на месец јануари 2018  година. Протестот се одржал заради промена на две учителки во други подрачни училишта“, се наведува во соопштението.

По насока на обвинителство Стојановски бил пуштен во 20.30 часот, а во врска со овој случај, од МВР информираат дека ќе се повикуваат повеќе лица на службен разговор со цел негово целосно расчистување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...