Градоначалникот на Њујорк прогласи задолжителна вакцинација поради епидемијата на морбили

446

Градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио денеска во делови од Бруклин прогласи за задолжителна ММР вакцинација за жителите кои живеат во загрозените подрачја, во спротивно ќе се соочат со казни.

– Најголемата епидемија на мали сипаници во градот од 1991 година е во голема мера ограничена на ортодоксната еврејска заедница во Вилијамсбург, дел од Бруклин, со 285 потврдени случаи од октомври, во споредба со само два пријавени случаи во 2017 година – изјави де Блазио.

– Тука е епицентарот на епидемијата на мали сипаници, што е многу загрижувачко и ние треба веднаш да дејствуваме – рече градоначалникот на Њујорк.

Меѓу 285 потврдени случаи, само 39 не се деца.

Според одлуката на градоначалникот, луѓето кои живеат во тој дел од Бруклин и кои не биле вакцинирани против сипаници, а постои можност тие да биле изложени на вирусот, мора да добијат ММР вакцина, односно вакцина против мали сипаници, рубеола и заушки.

Досега нема смртни случаи, но околу  20 лица биле хоспитализирани, а петмина биле примени на интензивна нега.

Оние кои не ја примиле ММР вакцината и не можат да дадат друг доказ за имунитет, како на пример доказ дека претходно имале мали сипаници, се соочуваат со парична казна до 1.000 долари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...