Градоначалникот Делков куртули за вработувањето на сопругата на својот прв братучед

1245

Антикорупциска комисија на денешната седница на која отвори прекршочна постапка против гадоначалникот на Неготино, Тони Делков поради вработувања на петнаесетмина среде избори,  го затвори предметот за истиот функционер, а кој беше поврзан со вработување на сопругата на својот прв братиучед.

Овој предмет беше отворен претходно, а антикорупционерите, по анонимна пријава на граѓанин дека градоначалникот Делков, сопругата на својот роднина ја вработил како техничка секретарка во општината, утврдиле дека вработувањето се случило по објавен оглас на кој се пријавиле тројца.

Двајца од пријавените кандидати не доставиле целосна документација и отпаднале на конкурсот, што не било случај со сопругата на роднината која била вработена.

Ова вработување според Државната комисија за спречување на корупцијата било направено во рамки на годишниот планот за вработувања на општината, па не беше оспорено,а прекршочната постапка против Делков, како што објавивме претходно, се однесува на други вработувања среде избори.

Според заменик претседателот Нури Бајрами, Комисијата, констатирала дека градоначалникот не смеел за време на избори да потпишува одлуки за завршување на работниот ангажман, а тоа го направил со 13 лица. Во исто време потпишал и одлуки за вработување на 15 лица, од кои на 13 на кои им истекол договорот и со двајца нови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...