Градинката во Радишани во која има зараза од морбили е затворена и нема да работи во наредните 15 дена, информира Министерството за труд и социјална политика.
„Забраната стапува на на сила веднаш, а е издадена од Комисијата за заразни заболувања и надлежната епидемиолошка служба. Денеска во 17 часот се прави вонредна дезинфекција на објектот „Ташко Караџа“, а МТСП ќе продолжи секојдневно да ја следи состојбата со заразната болест“, се наведува во соопштението од ресорното Министерство.
Министерството за труд и социјална политика дало препорака за вонредна дезинфекција во сите установи кои што згрижуваат деца од предучилишна возраст.