Сликата, украдена пред 20 години е случајно пронајдена пред пет недели во Пјаца во северозападна Италија, претставува оригинално дело на австрискиот сликар Густав Климт, соопштија италијанските правосудни органи.
– Со голема возбуда можам да потврдам дека пронајдената слика е оригиналот – рекла адвокатката надлежна за истрагата, Орнела Чиќа.
Музејот во Пјаченца беше затворен во февруари 1997 година поради градежни работења и тогаш беше украдено делото „Портрет на една дама“.
Градинарите на 10 декември чистејќи го надворешниот ѕид на музејот случајно ја пронашле сликата. Чистејќи го бршленот на ѕидот, наишле на отвор за вентилација во која нешто било завиткано во црно ќесе за отпадок. Во ќесете била сликата без рамка.
Директорот на музејот, Масимо Ферари, во првата реакција рекол дека има индиции дека може да се работи за украдена слика.
Климт ја насликал „Портрет на една дама“ во 1916 и 1917 година.
Сликата го привлече вниманието на светот во 1996. година, кога студентката по историја на уметност, Клаудија Мага, придонесла за откривање на друг портрет кој се криел под првиот.
Густав Климт (1862-1918) бил австриски симболистички сликар и еден од основачите на Виенската сецесија. Неговите дела вклучуваат слики, мурали, цртежи и други уметнички дисциплини, особено применета уметност. Денес тие во голем дел се изложени во Виенската галерија Арт Нову. Примарниот субјект на Климт било женско тело и неговите дела редовно се исполнети со еротизам.