Градилиштето на „Беко“ под катанец, Богдановиќ се заканува со кривична

2423

Општина Центар го затвори градилиштето кај „Беко“ затоа што сопственикот не ја почитувал одлуката за забрана за градење.

– Пред три недели на инвеститорот му издадовме решение за престанок со градба. Но, и покрај таквото решение во градилиштето постојано имаше работници. Со ова решение за забранува влез на објектот. Доколку биде прекршена оваа забрана инвеститорот и изведувачот ангажиран од него ќе добијат кривична пријава – вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...