Градежна компанија продава станови сосе ново бмв како подарок

870

Еден кинески инвеститор,  кому продажбата на станови не му одела според планираното, одлучил да привлече купувачи така што покрај недвижнината, ќе им подари автомобил од германскиот производител.

Компанијата „China Merchants Shekou Industrial Zone Holdings Co” неодамна ја завршила изградбата на уште еден голем станбен објект во Шангај, но успеала да продаде само 25 од 350 понудени станови.

Со цел да привлечат нови купувачи, тие се одлучиле на еден несекојдневен потег – секој кој ќе одлучи да купи трособен стан во нивниот објект, ќе добие BMW Series 3 или BMW X1, пишува кинескиот “Business Times”.

Инаку, споменатите недвижнини изнесуваат околу 620 илјади долари, а понудените BMW возила во Кина се продаваат за околу 10% од вредноста на овие станови. Иако и двата автомобили спаѓаат во поевтини модели на баварскиот производител, поради високите даноци тие се значително поскапи во Кина отколку во Европа или САД.

Кинеските медиуми наведуваат и дека некои други инвеститори ја применуваат сличната тактика со цел да привлечат клиенти, но подароците се обично поскромни и помалку вредни, како што се на пример платените туристички патувања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...