ГРАВЕ осигурување (Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG) од Грац, Австрија купува над 75 отсто од акциите со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје.Трансакцијата за купување на акциите треба да се изврши во наредните два месеца. Купопродажбата е одобрена и од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Според решениете на Агенцијата за супервизија на осигурување, на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG со седиште во Грац, и се дава согласност да стекне акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75% од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување Еуролинк Скопје.
Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG треба да ја изврши трансакцијата за стекнување на акциите во рок од 60 дена од денот на добивање на ова решение и за тоа да ја извести Агенцијата за супервизија на осигурување во рок од 5 (пет) работни дена од денот на стекнувањето на акциите.
ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е осигурително друштво кое има 100% сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAZER WECHSELSEITIGE VERSICHERUNG AG од Грац и дозвола за работа во Македонија. Основната главнина на друштвото изнесува 3.000.000 евра.