Грабар-Китаровиќ: Припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, Хрватска е подготвена да ви помогне ВИДЕО

430

Хрватска силно ве поддржува, сега кога се соочувате со многу важна одлука за претстојниот референдум. Вие припаѓате во семејството на ЕУ и НАТО, а Хрватска е подготвена да ви помогне на тој пат, со тоа што ќе го споделиме нашето искуство.

Ова во видео порака до македонските граѓани во пресрет на референдумот го порача хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

– Ова е можност да придонесете кон целокупната стабилност и напредок во Југоисточна Европа. На крајот одлуката е Ваша, и само ваше право. Ние ќе ве поддржиме со сите ваши напори – вели во видео пораката до граѓаните на Македонија шефицата на хрватската држава.

Фото: EPA/TOMS KALNINS

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...