Го шутнал со нога во грб оти делел флаери за референдумот

1281

Момчња од Тетово, на 23 и 18-годишна возраст вчера биле нападнати додека делеле флаери за референдумот.

Прво биле навредувани, а потоа 43-годишен тетовец им ги згужвал флаерите, во еден момент се обидел со тупаница да го удри по 23-годишникот, но тој го избегнал ударот.

Потоа тетовецот со нога го удрил по грбот по момчето и со уште две други лица заминал.

Настанот се случил вчера 10-тина минути пред пладне на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...