Го упукале в лице со ловечка пушка во Албанија, го лекуваат во дебарска болница

391

Во Полициската станица Дебар синоќа во 23:45 часот било пријавено дека во Општата болница во Дебар бил донесен Е.М. од Албанија, со повреди во пределот на левата рака и лицето.

Е.М. бил донесен од С.Х. и Е.Ш. и двајцата од Албанија, со патничко моторно возило „Опел фронтера’’ со албански национални ознаки.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, подоцна, околу 40 минути по полноќ, во Полициската станица Дебар дошол С.Х. и изјавил дека во несреќен случај на територијата на Албанија Е.М. се здобил со повреди од ловечко оружје во сопственост на И.Д. од Албанија. Поради потреба од укажување на лекарска помош тие преку граничниот премин Џепиште -Требиште околу 23:20 часот ја преминале државната граница и дошле во Дебар. За случајот е известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...