Го убил со нога во глава, уапсен тинејџер во Србија

621

Деветнаесетгодишник бил уапсен во Неготин поради убиство на 17-годишник.

Осомничениот наводно во саботата навечер со нога го удрил убиениот во пределот на главата. Тој паднал на земјата, а повредите предизвикале крвавење во мозокот, по што го изгубил животот.

На осомничениот му било одредено задржување до 48 часа, а ќе му биде поднесена и кривична пријава, соопштило Министерството за внатрешни работи во Србија.

Извор: српски „Курир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...