Четириесет и седумгодишник е уапсен во Србија поради сомнение дека го пресретнал и го убил својот 45-годишен сосед.
Злосторството се случило пред очите на сопругата на жртвата.
Жената кажала дека убиецот ги пречекал со велосипед.
– Извлече пиштол од џебот и го впери кон мојот сопруг. Три пати пукаше кон него, во градите и стомакот. Потоа зеде колец и со него го уби. Сакаше и мене да ме убие, едвај се спасив – изјавила таа.
Како што рекла, се сомнева дека убиството е планирано.
– Нѐ следеше од рано наутро, најверојатно чекаше да се оддалечиме малку од селото – додала таа.
Веќе пет години соседите имале расправии поради дрва за огрев.
– Поради тоа, убиецот и неговите три пати го тепаа мојот сопруг. Не смеевме на улица да излеземе. Се закануваше со пиштол, го пријавивме во полиција, но излезе дека мојот сопруг е виновен – додала таа.
Расправиите биле поради тоа што убиецот, неговите браќа и неговата роднина биле единствените во селото што не добиле дрва за огрев, кои се делеле како помош на социјално загрозените семејства.
Убиениот зад себе оставил четворица синови, на возраст од 7 до 16 години.
– Јас сум добар ученик и тато сакаше да се школувам, да не бидам како него. Но сега нема кој да се грижи за нас, ќе морам да прекинам со школувањето, да ѝ помогнам на мајка – изјавил најстариот син.