Братот на жената која си ги уби двајцата синови во Велика Британија, тврди дека ги предупредил надлежните дека животите на момчињата се во опасност, пренесува „Метро“.
Мартин Барес вели дека неговата сестра Сара и соучесникот Брендон Машин биле злобни уште како деца. Тие се забавувале додека го убивале глувчето, нивното домашно милениче.
Сега се обвинети за убиство на 13-годишниот Тристан и една година постариот Блејк.
Момчињата биле задавени, само еден ден откако убијците не успеале да ги отрујат.
Во мај, Сара и Брендон на суд се изјаснија дека се виновни за убиствата и сега се соочуваат со доживотен затвор.
Според зборовите на Мартин, двајцата растеле опседнати со смртта и хорор филмови. Тој се сеќава на неговата сестра Дона како врескала и плачела бидејќи Барас и Машин го газеле нивното домашно милениче – глувче. Имало случај и со давење, а Сара турнала девојче од дрво и се смеела бидејќи му предизвикала огромна болка.
– Знаев дека Брендон е способен да изврши убиство. Знаев дека и сестра ми е способна за тоа. Но, никогаш не ни помислив дека таа би си ги убила сопствените деца. Двајцата се психопати – вели Мартин.
Сара била срамежлива и се грижела за своите браќа и сестри, но нејзиното однесување се сменило штом се зближила со Брендон. Тој тепал деца во училиште без причина, само да ја импресионира Сара.
Месеци по убиствата, Сара го цитирала Стивен Кинг на Фејсбук.
– Убиството е како чипс, човек не може да застане по само едно – напишала таа.