Славната британска водителка Керолин Флек (39) се скарала со своето момче, тенисерот Луис Бартон (27), па сега цела Велика Британија зборува за нивниот пресметка. Керолин беше уапсена по физичката пресметка.
Шест полициски автомобили дошле пред нејзината куќа, откако полицијата соопштила дека биле повикани поради немири во куќата.
Керолин, како што пишува британски „Мирор“, наводно го удрила Луис со ламбата, а случајно си ја пресекла раката, за што морала да прими лекарска помош.Фотографии од крвавиот кревет на водителката се раширија на Интернет, па се шпекулираше за чија крв станува збор. Керолин не се огласи за целиот инцидент.
„Ми рекоа дека не смеам да објавувам ништо на социјалните мрежи, но морам да ви го честитам Божик“, напишала Керолин, додека Луис го коментирал скандалот.
„ Тоа не е моја крв и никој не ме удрил со ламба по главата. Може ли да престанете сите сега?“, напишал Бартон, потврдувајќи дека тој сè уште ја сака Керолин.- Ја сакам таа девојка повеќе од сè. Никој не знае што се случило и што се случува. Таа е безопасна и е најдобрата личност што сум ја запознал – додал тој.
Инаку, наскоро тргнува новата сезона на британскиот реално шоу „Љубовен остров“, а Керолин овој пат нема да биде водителка, иако од таа улога добиваше милиони годишно.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин
ФОТО: 24/сата.хр/Инстаграм/Принтскрин