Го следите ли и вие резултатот од ‘мечот’ Северина:Милан?

Откако судот во Загреб донел привремена мерка со која синот на хрватската и балканска пејачка ѕвезда Северина Којиќ и српскиот бизнисмен Милан Поповиќ му се доделува на таткото, јавноста не престанува да коментира и да се занимава со овој случај кој трае веќе 6 години. И секако, сите бираат страна, некој е за тимот на Северина, некој за тимот на Милан. Малиот Александар како и во сите слични случаи е очигледно - колатерална штета

458

Откако хрватските медиуми објавија дека судиjката Теа Голуб донела привремена мерка со која детето на славната хрватска и балканска ѕвезда, пејачката Северина Којиќ и нејзиниот поранешен партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, треба да живее со таткото кој самостојно ќе се грижи за неговото здравје и образование, реакциите во јавноста не стивнуваат.

И додека сите се препукуваат заземајќи страна, заслепени од меѓусебната омраза, овие родители очигледно мислат само на себе и на тоа кој е победник, а кој поразен во долгогодишниот меч во текот на кој и едниот и другиот сигурно заслужиле многу жолти и црвени картони.

Не знам кој заслужил повеќе ‘картони’ бидејќи ниту го познавам бизнисменот лично, ниту пак ја познавам пејачката (додуша, со неа еднаш правевме кусо видео-интервју за порталот „Арт кујна“), ама не можам и не сакам да навивам за ниеден од нив. Навивам за децата. Секогаш!

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...