„Го сакам Водно“ бара доброволци за жив ѕид за одбрана од багерите

257

„Жив ѕид за одбрана на Водно од утре. НЕ низ Водно! Доста е. На терен градат, на терен ќе се брани!“, пишува Радио МОФ.

Вака иницијативата „Го сакам Водно“ преку социјалните мрежи повикува доброволци да ги контактираат и да им се придружат, па заедно од утре да го бранат Водно кај багерите што „делкаат“ шума за гасоводната делница.

„Во држава каде прекршоци се нормална работа и се спроведуваат вакви проекти полни со нерегуларности, останува на нас да браниме со живи тела. СТОП за непромислени и лоши проекти! Се гледаме пред багери!“, стои во повикот на активистите од „Го сакам Водно“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...