Го „поплукаа“ мојот изглед, а не ме ни препознаа: Рене Зелвегер станала „коски и кожа“ ФОТО

Нејзините пријатели изјавиле за медиумите дека таа вежбала по два часа секој ден, а понекогаш трчала и по 20 километри.

1321

Оскаровката Рене Зелвегер се трансформирала за улогата во филмот „Џуди“ во кој ја глуми легендарниот пејачка и актерка Џуди Гарланд, и иако таа доби само пофалби за улогата, нејзиниот изглед на премиерата во Торонто наиде и на критики.

Поточно, од нејзиниот светлосин фустан со деколте „штрчале“ клучните коски. Иако нејзината најпозната улога е онаа на дебелката Бриџит Џонс, многумина коментираат дека 50-годишната актерка во моментот изгледа многу испиено.

Нејзините пријатели изјавиле за медиумите дека таа вежбала по два часа секој ден, а понекогаш трчала и по 20 километри.

Пред пет години, многу се зборуваше и пишуваше за нејзиниот изглед, откако на црвениот тепих се појавија со целосно изменети црти на лицето. Таа неодамна изјави дека во тој период во сеќавање ѝ се врежал „болната“ случка во лондонскиот воз, пренесува „Индекс.хр“. Како што вели Рене, седнала покрај маж и жена кои не ја препознале, а зборувале за познатите личности.

„Тие зборуваа за Холивуд и за тоа колку се луди жените во Холивуд, особено онаа Рене Зелвегер. „Како можеше таа да си го стори тоа себеси? Зошто отиде на операции, мислиш ние нема да го забележиме тоа. Таа не личи на себе, како можеш да дојде до тоа да не не личиш на себе““, ги прераскажала нивните зборови во една радиска емисија.

Во тој момент, како што рекла актерката, станала и отишла до вратата и го слушнала мажот како вели дека е глупава.

– Тогаш тој погледна нагоре и ме виде.„О, Боже, вие не сте … Да! Но, не личите на себе. Му реков: „Да, смешно е како тоа функционира“ – додала таа.

Image result for renee zellweger

FOTO: Printskrin/Jutjub/Tviter

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...