Го натепале, па го фрлиле преку ограда

539

Двајца скопјани нападнале 16-годишен тинејџер и го фрлиле преку ограда при што тој се повредил, во Крушево, соопшти МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крушево поднесе кривична пријава против М.С. (40) и К.С. (39), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „насилство“.

Настанот се случил на 5. август 2018 година околу 1 часот во Крушево на улицата Мише Ефтим, додека две лица на возраст од 15 и 16 години седеле на скали пред вила на улицата. Првопријавениот од тераса од неговата куќа ги замолил да бидат тивки, по што се симнал и започнал расправија со 16-годишното лице, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со дрвен предмет во пределот на главата и телото. Во нападот му се приклучил и второпријавениот и заедно го фрлиле детето преку оградата, нанесувајќи му телесни повреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...