На паркинг во Струга се случила тепачка за банални причини, во која учествувале неколку млади лица, кои со метални шипки искршија и еден автомобил.
Според информациите од МВР тепачката се случила вчера попладне околу 14 часот на паркинг на улицата „Маршал Тито“. Неколку лица го нарушиле јавниот ред и мир и извршиле насилство врз 27-годишно момче од струшкото село Загрчани.
– Полициската станица презема мерки за идентификација на учесниците во насилството кои, подоцна извршиле и оштетување на патнички автомобил, сопственост на оштетениот – велат од СВР Охрид.
За инцидентот, Алсат ТВ објави и видео.