Го изгуби свршеникот, едвај преживеа, а сега манекенката чека бебе! ФОТО

Манекенката објавила фотографија на која се гледа дека е во поодмината бременост и дека со својот избраник Бенџамин наскоро ќе добијат бебе.

2365

Убавата чешка манекенка Петра Немцова (41) конечно е потполно среќна.
По трагедијата на Тајланд во 2004 година, каде во разорно цунами го изгубила свршеникот Сајмн Етли, а потоа и самата едвај преживеала, сега Петра конечно е комплетно среќна.

Имала тешки внатрешни повреди и неколку скршени ребра, мораше да учи повторно да оди и четири месеци закрепнуваше.

Манекенката објавила фотографија на која се гледа дека е во поодмината бременост и дека со својот избраник Бенџамин наскоро ќе добијат бебе.

„Нашето семејство се шири, а и мојот стомак. Многу сум му благодарна на универзумот што толку брзо нè благослови со овој боженствен подарок“, напишала Петра која во 41. година од животот првпат ќе стане мајка.

Убавата манекенка за Бенџамин се омажила оваа година во Аризона, се запознале пред три години, а врската ја откриле во јавноста лани, бидејќи на Петра ѝ е многу важна приватноста.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...